Градежен хаос во населба „Водно“ – граѓаните обвинуваат за бесправно градење и сеча на десетици

Обвинување за бесправно градење на објекти и сеча на десетици дрвја во населбата Водно – мештаните на локацијата позната како „Цвеќара“ предупредуваат, надлежните уште еднаш да ја преиспитаат одлуката за градба.Велат, инвеститорот ќе им узурпирал дел од нивното дворно место, каде домуваат повеќе од 50 години и според закон имаат право на владение на тој простор.

Оваа зелена површина ќе биде срамнета со земја, а на местото на овие дрвја ќе никнат згради. Инвеститорот кој добил одобрение за градба од Општина Центар, ги известил мештаните дека сечата наскоро ќе започне, иако тие не биле консултирани дека нешто ќе се гради.

Жителите поднеле и петиција до Општина Центар, која е надлежна за овој случај. Оттаму не добиле одговор речиси 10 дена. Деталниот урбанистички план на „Партениј Зогравски“ според нив ќе биде штетен за околината, посебно ако ја уништат цела таа шума.

Едвај ја поднесов петицијата бидејќи им беше паднат компјутерскиот систем, успеав да ја доставам. Ние ќе живееме во бетонски опруженија, без дрвја, без вегетација, без кислорот. Како успеале да откупат, ќе се расчисти, и кој воопшто им дозволил да грдат – вели Маја Сотировска – жител на населба „Водно“

Што ќе се гради на локацијата „Цвеќара“, дали ќе се сечат дрвјата на таа парцела и како ќе постапат по петицијата на мештаните – побаравме одговори од градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ – но до сега не добивме одговор.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста