ЃОКОВИЌ ПРВ ВО МАШКОТО ФИНАЛЕ, ОСАКА И БРЕЈДИ ВО ЖЕНСКАТА ЗАВРШНИЦА НА ГРЕНД СЛЕМОТ ВО МЕЛБУРН

Новак Ѓоковиќ го победи Александар Зверев со 3-0 во сетови и се најде во ново финале на тенискиот Гренд Слем во Мелбурн. Најдобриот светски играч кој во претходните настапи се мачеше, претпладнето со Германецот беше немилосрден и му дозволи да добие само девет гема, па сега оди по својот деветти пехар на Австралија Оупен. Таму ќе го чека подобриот од утрешното второ машко полуфинале меѓу Циципас и Медведев, но и сознанието дека Ѓоковиќ никогаш не загубил во битката за трофејот на најваѓниот турнир на петтиот континент. Кај девојките од утринава ги знаеме финалистките. Тоа се Наоми Осака и Џенифер Брејди со тоа што Јапонката во два сета ја елиминира Серена Вилјамс, а Американката во три беше подобра од Каролина Мучова.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста