Генијална изјава на Шекеринска: „Владата досега не набавила вакцини за да не негодува народот дека врз него ќе се тестираат“

За да ја оправда неспособноста на Владата, која досега не донесе ниту една анти ковид вакцина во Македонија, министерката за одбрана Радмила Шекеринска со скандалозна изјава – македонските граѓани не биле  заморчиња за тестирање, па затоа надлежните не брзале да ги купат вакцините.

„Можете да замислите што ќе се случеше да објавевме пред неколку месеци еве ќе имаме вакцини ама кај нас ќе се прават дел од тестовите. Тоа не го направивме затоа што сакавме да прифатиме завршен период на тестирање со сертификати кои што ги дава соодветната институција и да добиеме вакцини од такви производители. И тоа важи за кинеската како што соопшти министерот за здравство и мислам дека клучно ќе ни биде да добиеме вакцини на кои може да им се верува, во кои нашите граѓани ќе имаат доверба и ние ќе имаме доверба“ рече Шекеринска во гостување на Сител.   

Дали ваквата изјава на министерката значи дека граѓаните на Израел, Велика Британија, САД и Србија каде масовно се имунизира населението се дел од некое големо глобално тестирање, и дали тамошните власти свесно го загрозуваат здравјето на населението?

Во меѓувреме, спласна оптимизмот кај надлежните дека вакцините нарачани од американскиот производител Фајзер навреме ќе стигнат во Македонија, со оглед на тоа дека испораката во сите европски земји доцни. Од Министерството за здравство не прецизираат дали компанијата им испратила писмена гаранција, но веруваат оти се работи за сериозна компанија. 

„Се надеваме на навремена испорака во однос на она што е договорено и покрај тоа што има масовна побарувачка во цел свет за вакцините на Фајзер“, одговараат од Министерството за здравство.

За сега не се знае ниту кога ќе стигнат најавените 8000 вакцини од Србија, за кои надлежните тврдеа дека ќе бидат во земјава уште минатата недела.

Владата пак вчера ја одобри набавката на 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, како и 800.000 дози од Фајзер чија испорака ќе се одвива во повеќе фази.

Македонија остана единствена земја во окружувањето каде вакцинацијата против ковид 19 се уште не е почната.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста