Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Министерот Филипче повторно не си достои на зборот. Откако викендов кажа дека сите кои се пријавени до 30-ти април на vakcinacija.mk ќе добијат термин за имунизација најдоцна до утре, сепак граѓани помлади од 40 години кои се пријавени ќе останат извисени за да седнат на вакциналното столче.Со оправдување дека постарите лица се приоритени.

„Радува тоа што имаме дополнителни пријави за вакцинација на граѓани над 70 години. Тие се ризичната група и мора да ги вакцинираме што поскоро, а младите што се пријавени, ќе мора да причекаат“, истакна Филипче.

По реакциите на јавноста дека се вакцинираат млади луѓе, а акцент не е ставен на оние со хронични болести,министерот објасни дека тоа се случило само во некои општини.

Во оние општини или пунктови, каде се пријавиле постари и помлади граѓани, а вакцинирани се сите, тоа се случи затоа што веќе се вакцинирале сите постари граѓани од нивната општина или пријавени на тој пункт за вакцинација. рече Филипче.

Инаку, околу 40 илјади дози од вакцината „Астра Зенека“ преку Ковакс се очекува да пристигнат денеска во земјава, а утре треба да бидат испорачани 100 илјади вакцини од „Синофарм“, кои се донација од кинеската армија.

Што се однесува на прашањето дали граѓаните кои имаат примено две дози на анти-ковид вакцина и натаму ќе носат маска на отворено и до кога ? според Филипче сè уште е рано да се расмислува на укинување на таа препорака, но не ја исклучува можноста, за тоа ќе се разговара на почетокот на следната недела на состанок на Комисијата за заразни болести.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста