Ќе побара ли Пендаровски 50 илјади нелегални објекти да бидат урнати, а сопствениците да одговараат?

Игра за собирање на политички поени, разнишана врска меѓу шефот на државата и СДСМ или нешто друго?- ова прашање се поставува откако Пендровски одби да го потпише законот за дивоградби кој беше изгласан во Собранието.

Според груби бројки станува збор за околу 50 000 дивоградби кои доколку се донесе овој закон треба да се легализираат. Пендаровски се противи и не става параф на законот. Образложението е дека текстот бил во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот. Ако шефот на државата се грижи за уставот, тогаш легитимно се наметнува прашањето, дали ќе побара од Владата овие 50 000 објекти да бидат урнати,а сопствениците да одговараат пред законот?

Ако не побара, тогаш неставањето параф може да значи и обид на претседателот да добие политички поени на сопственото конто, демонстрирајќи независен став од партијата на власт чиј рејтинг секојдневно паѓа. 

Што ќе побара Пендаровски и за оние 130 000 случаи кои се уште се по фикои и не се решени по стариот закон, односно што ќе се случува со луѓето кои поднеле докумети во законски рок, но предметите не им се решени, ќе бара ли Пендаровски да одговараат институциите кои не ги истерале процедурите до крај? Ќе иницира ли шефот на државата  сите тие 130.000 дивоградби да се урнат, инвеститорите да се гонат во кривична постапка, а градоначалниците на општините како и стручниот кадар да се обвинат за кривично дело затоа што не пријавиле кривично дело, создавајќи му свесно на друг значителна имотна добивка, и не отпочнале уривање на тие дивоградби.

Дел од политичките партии кои гласаа законот да биде донесен велат дека со новиот закон легализирањето нема да биде по иста цена по 1 евро, туку повеќе и со поскапи комуналии. На пример ако метар квадратен треба да биде 100 евра, со овој закон ќе биде 150.

Сепак, законот за дивоградби ја разбранува јавноста, голем дел од луѓето го критукуваат, додека пак оние семејства кои се засегнати го поздравуваат.

Со непотпишувањето на законот од страна на Пендаровски истиот сега треба да биде вратен во Собрание, а доколку повторно се изгласа, шефот на државата според процедура мора да го потпише.

Премиерот Заев коментирајќи го непотпишувањето на Пендаровски вели тоа било придобивката од демократијата и ќе ги разгледале забелешките од претседателот. Вели дека со законот секој друг објект, освен за примателите на социјална помош и на сиромашните, се дава можност да се легализира. Колективните згради не, дополнително ќе плаќаат 50 посто поголем надоместок отколку што би платиле при редовно добивање одобрение за градба.

„Повторно ќе дискутираме во Парламентот, зашто ако со Законот застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50-те илјади домови на граѓаните“, рече Заев.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, изјави дека право на претседателот е тоа да не го потпише указот, но, посочи, во минатото ставил потписи на многу поштетни закони, како за економијата, така за граѓаните и за националните интереси.