„Eвропскиот фронт„ или „Фронтот за Европа„ на Ковачевски и Ахемти капитулираше уште пред да се формира

„Eвропскиот фронт„ или „Фронтот за Европа„ на Ковачевски и Ахемти капитулираше уште пред да се формира

Од Европскиот Фронт на кој Ковачевски се надеваше дека пак ќе ги сплоти  СДСМ и ДУИ, не остана ни Е. А уште помалку „фронт“, оти и покрај подобноста што претседателот на СДСМ му ја нудеше на Ахмети, желбата на екс-премиерот се урна како кула од карти, а фронтот се подели на два.

На Ковачевски засега друштво му прават НСДП и ЛДП, а пак Ахмети изгледа си направи свој фронт, со најверојатно уште 4 човек партии, меѓу кои и Мендух Тачи препознатлив како еден од првите функцинери на американската црна листа.

Дел од познавачите велат дека растурањето на „веридбата“ пред политичкиот брак меѓу СДСМ и ДУИ, е резултат на нивното лошо владеење и страв од уште поголем пораз ако одат заедно. Партијата на Ахмети се тргна од Ковачевски оти сите бегаат од бродот што тоне, а Владата на Ковачевски стана Титаник.

Прво, не се работи за никакви европски фронтови, тоа се фронотви за крадење и за криминал како и богатење на таа мала група на луѓе. Второ, не дојде до создавање на заеднички листи на СДСМ и ДУИ зошто се појави албанската опозиција која има сериозен рејтинг и се доближува на ДУИ и затоа отидоа сами, вели Дарко Јаневски – новинар.

Јаневски вели дека некрунисаната коалција се распадна и заради несоласувањата за пари меѓу партиите, но сепак тоа, според него не е пресудно.  Главно е што знаат дека губат и сакаат колку толку да спасат некој глас па се дистанцираат едни од други, правејќи мини коалции.

Ова второ сега што го гледаме како коалции, тоа не се никакви коалции. НСДП и ДОМ кога би излегле сами на избори веројатно не би имале повеќе од 5 гласа. Се работи за обид да се создаде перцепција дека ете имаат некои колации, широк коалициски капацитет што воопшто не е точно. Во секој случај не станува збор за никакви европски фронтови бидејќи се што прават е спротивно на европските начела. Тоа се фронтови за бизниси, соравии, за Рек Битола извлекување пари итн. вели Дарко Јаневски – новинар.

На крајот на минатата година СДСМ започна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ, прилично сигурна дека ДУИ нема да и откаже љубов. Беше најавен како платформа заснована на европски стандарди и европски вредности, за подобар живот. Ковачевски тогаш зборуваше дека тој фронт ќе излезе со заеднички претседателски кандидат. Само 7 месеци подоцна, Ахмети си направи свој фронт, а Ковачевски остана со празни раце. На прашањето зошто СДСМ не е дел од фронтот кој токму тие го најавија, лидерот на СДСМ, повтори веќе позната флоскула: тие направиле најмногу за европскиот пат на земјава и си имале своја коалиција. Лош збор за Ахмети, не слушнавме.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста