„Еурокомпозитовци“, повторно изиграни и изманипулирани од власта – се закануваат со нови протести

         Иако државата лани во октомври се обврза на околу 300 луѓе од Еурокомпозит да им ги покрие неплатените придонеси за шест години, до ден-денес, ништо од тие слаткоречиви ветувања. Згора на ова, пред неколку дена, добиле и дрско образложение од новата претставничка на општествениот капитал, Тања Чачорова, која е и советник за правда на премиерот Заев.

        Ние немаме на кого да му се обратиме, оти новата Влада е сега скоро формирана, освен на претстваничката на општетсвениот капитал, која сега е назначена на местото од таа Софија. Ни кажа дека се прави нова проценка на фирмата. Во овој момент, значи во Буџетот, пари нема такви, и да не се надевате. А се прави нова проценка !!! Тоа е само купување на време, по мое“ – вели Цветан Бунтески, кој е технолошки вишок.

         Огорчени, гневни, но и лути, работниците велат дека повторно се чувствуваат заборавени, измамени и изманипулирани. Ова уште повеќе, по минатонеделниот одговор на писмото кое тие го испратиле до премиерот Заев, а во кое, тој, со само две реченици, како што велат повторно им ветува решавање на нивниот проблем, по пат на дијалог. Ова уште повеќе ги револтирало.   

        Очајни се и шеесетината вработени кои веќе девет месеци се на принуден одмор и немаат буквално никакви примања. Несреќата да биде поголема, досега, тие не  се ставени и ниту во еден пакет владини мерки.

       –  „Од декември 2019-та год. До ден –денес, немаме земено ниту еден денар. Немаме никаква помош од Владата, иако најавуваше пакет мерки, никаков ваучер ние досега немаме земено, а имаме сознанија дека и во овој четврт пакет мерки, дека повторно ние нема да бидеме опфатени. Затао сме приморани да им се приклучиме на нашиве колегикои заминаа како технолошки вишок и да почнеме да протестираме“, – посочува Роберт Богданоски, кој е претседател на Синдикатот.

         Заради ваквата состојба, сите работници од загубарот „Еурокомпозит“ од утре, локално се враќаат на улица. Се закануваат дека доколку власта и понатаму се оглушува на нивните барања, тие од наредната недела, протестите ќе ги продолжат пред Владата.

   Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста