ЕУРОФАРМ ЗАМИНА ЗА ДАНСКА ЗА ПРВИОТ НАСТАП ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА, МЕТАЛУРГ УТРЕ ЈА ДОЧЕКУВА ВИСЛА

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска заминаа за Данска каде утре ги очекува првиот настап во Европската лига. Битолчани утре од 18.45 играат со Гог Гудме откако принудно го пропуштија мечот од првото коло во кое сегашниот опонент, минатата недела, на отворањето загуби кај Кадетен. Ова е средба од Д групата, а во рамките на А конкуренцијата нам во вторник ни претстои и меч на Металург. Имено за дуел од вториот круг во Скопје допатува Висла со која сините кои на стартот загубија кај Тулуз ќе се сретнат утревечер од 20.45 во салата Борис Трајковски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста