Енергетска кризна состојба во вторник- ќе имаме ли јаглен, или рестрикции?

Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја од 1-ви јануари. Клучно за Македонија во моментов е да се набави јаглен, но тоа сигурно ќе не чини поскапо. Која од 9 пријавени компании ќе го испорача потребниот јаглен ќе се знае во понеделник, но сепак во нив ја нема понудата од Грција, која ќе беше најефтина. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски уверува дека РЕК Битола ќе работи, но колку тоа ќе удри по џебот на граѓаните ќе се наскоро.

Јагленот со кој ќе работат два блока на РЕК Битола ќе пристигне до декември и истиот ќе го користиме до 15 април, односно додека трае грејната сезона.Има 14 понуди, има компнија на пример која нуди јаглен од Босна, Црна Гора и други места. Тоа значи дека наредната недела, доколку ја завршиме анализатра, до 15 ноември ако ја завршиме постапката и до крајот на месецот ќе започнат со пристигнување на првите количини јаглен, најавува Ковачевски.

Но, нема ниту „о“ од одговорност за енергетската криза која ја снајде Македонија пред грејната сезона. Министерот за економија, Крешник Бектеши зборува за одговорност но, ќе чека прво да се стабилизира состојбата. Кризната состојба се воведува за полесно да им се помогне на оние кои ги направија загубите : ЕСМ и МЕПСО. Токму МЕПСО е до гуша во долгови, а за да ги подмират официјално побарале 30 милиони евра од Владата.

Експертите се сомневаат дека одговорност ќе има и предупредуваат дека уредбата која ја донела Владата содржи одредби за еден вид амнестија токму за виновниците.

„Уредбава според мене ги остава како риби на суво производните фирми кои направиле договори било да е со ЕВН, ЕСМ или со прифатните трговци. Зошто тоа го кажувам? Многу чудна реченица има во една одредба: Член 8 став 4 од уредбата снабдувачите и трговците со електрична енергија не се одговорни за штетите кои ќе настанат како последица од спроведувањето на таа енергија. Никој не презема одговорност, тие што се договориле однапред, што не верувале на овие системи нема кому да се пожалат, кому да побараат оштета..“- вели енергетскиот експерт за Алфа, Констатин Димитров.  

Нема ниту одговор од надлежните зошто кризата не се превенирала, односно не се презеле потребните мерки за обезбедување на потребните ресурси за домашните производствени капацитети. Условите за прогласување на енергетска кризна состојба во Македонија се исполнети веќе подолго време децидни се екпертите, но зошто не реагирале во Владата знаат само таму.

„Од кога сме кога сме заглавени до гуша со енергетска криза, е сега ќе прогласуваме услови кога да се прогласи крзна состојба. Во Македонија произведуваме 50% и 20 проценти од напред сме купиле. Ние сме одамна во третиот степен да кажеме 30% плус немаме вода. Предвидуваат смалување на потрошувачката на електричната енергија само во ноќниот период. Во Македонија потрошувачката на електрична енергија во ноќниот период е најмалку 50 проценти пониска во споредба со потрушувачката на дневен режим вели Димитров.

Колку е критична ситуацијата зборува и најавата на првиот човек на Регулаторната Комисија за енергетика, Бислимовски кој најави дека ако треба ќе се донесе мерка за замрзнување на профитите на компаниите и нивната маржа.

Викторија Миткова

https://www.youtube.com/watch?v=-efmcg3XKlM&feature=youtu.be
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста