Влајкиноски: Бев нападнат од роднина на досегашниот градоначалник

Сред бел ден,во Струга физички нападнат вевчанскиот претседател на О.К.на ВМРО ДПМНЕ,  Ѓорѓи Влајнкиноски.Инцидетот се случил околу 13 часот пред угостителски објект лоциран во центарот на градот.Влајнконоски кој е видно вознемирен и не сака да зборува пред камера, вели дека како член на Општинска изборна комисија вчера со уште еден колега отишол во Струга да ги испечати уверенијата за советници и градоначалник,а потоа отишле во еден познат струшки локал.

Додека пиевме кафе, физички бев нападнат од братот на сопругата на градоначалникот во заминување, Сашо Јанкоски. Откако ме удри јас се повлеков, а тој ми се закануваше со зборовите “ова не завршува тука” ,ми се закани дури со убиство.Јас не го познавав од претходно тој човек. Мотивот за нападот го поврзувам со тоа што за време на изборниот молк од страна на сопругата на градоначалникот која е директор на средно училиште во Струга, неовластено ми беше нарушена неповредливоста на домот, која и со Устав е загарантирана, а настанот беше снимен – вели  Ѓорѓи Влајнконоски.

Влајнкиноски,кој за целот случај ќе бара судска разрешница,ни дозволи да објавиме дел од видео сменката,направена доцна во ноќта.

„Добре дојдовте.Добре Ве најдовме.Кажи Кети? Ништо што треба да кажам.Ја погреши улицата? Ја погрешив да.Добре ни дојде во куќава.Добре најдов.Овде сме ние Влајнкини.Сакаш нешто, треба нешто?

Од струшката општа болница велат дека од добиениот удар,Влајнкиноски се здобил со набиенци на десната страна од лицето. Во кусиот извештај од СВР Охрид стои дека претседателот на ВМРО ДПМНЕ во Вевчани бил физички нападнат од стужанец со иницијали М.Н и оти против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку како што дознаваме, ова не е прв инцидет на напаѓачот,неговиот идентитет се поврзува со оружена престрелка во Струга која се случи во 2012-та година.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста