Заев не се појави на судењето за спорот кој го води против Николоски

Премиерот Зоран Заев  денеска не се појави на рочиштето за завршните зборови за предметот во кој го тужи за клевета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Николоски и денеска посочи дека Заев никогаш не ги демантирал искажаните зборови за кои го тужи, и е убеден дека Заев нема да го добие спорот.  

Јас сум апсолутно убеден дека Зоран Заев не може да го добие овој спор против мене во тужбата за клевета. Всушност најдобар доказ за тоа е што повторно не се појави на рочиштето. Да ја потсетам јавноста дека тој ме тужи мене, а не го тужам јас него. И тој не се појавува на рочиштата на кои што ме тужи мене – изјави Николоски.

Адвокатот на Заев,  Лазар Сандев рече дека Николоски со дадената изјавата му го нарушил угледот на премиерот, побара оштета од 600 евра и извинување.

„Во ниту еден од доказите не произлегува и инволвираноста на тужителот (Зоран Заев) во овој случај, напротив од написите изјавата е со една цел – да се наштети на честа и угледот на тужителот (Зоран Заев)“, рече Лазар Сандев, адвокат на Заев – вели адвокатот на Заев, Лазар Сандев.

Заев го тужи Николоски за изјавата дека тој е на врвот на пирамидата која изрекетирала 20 милиони евра во сличајот „Рекет“. Инаку, за овој судски спор денеска беше назначена нова судијка, поради што прво се читаа наслови објавени во медиумите поврзани со случајот „Рекет“ и Заев а се користат како докази во предметот, па се презенитраа завршните зборови. Пресудата ќе биде објавена следниот четврток.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста