Експертите предупредуваат: Повратниците од ИСИС сериозна опасност за Македонија, не сме подготвени

Враќањето на борците на ИСИС во Македонија може да биде голема опасност за земјава, сметаат познавачите. Пензионираниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски, за Алфа вели дека според закон, тие ќе ја отслужат својата казна, но опасноста од нив доаѓа и по времето минато во затвор. Вели прашање е дали имаме соодветен кадар за нивна ресоцијализација. Според него, тие цело време ќе мора да бидат под полициски надзор, односно да биде следен речиси секој нивни чекор, како би се сторило се што е можно да се избегне евентуален терористички напад во Македонија. За Ѓурчевски проблем плус е што во наредниов период бројот на повратници од ИСИС може да биде многу поголем.

-За мене е многу страшно ако нас по издржување на казна затвор, ако некој од тие терористи се дрзне да направи терористички напад овде во Република Македонија. Затоа што се тоа опасни лица, затоа што тие лица мора цело време да бидат под некаков полициски надзор. Лица под оперативен надзор, значи каде се движат, со кого се движат, со кого контактираат, изјави Ѓурчевски.

Ѓурчевски потенцира дека Македонија има обврска да ги прими повратниците согласно меѓународните договори кои ги ратификувала договори, но проблемот е што минативе години немаме сторено ништо за да можеме да ги прифатиме.

-Ние немаме прифатни центри, значи Република Македонија тука потфрли. Значи порај тоа што донесе програм, но не изгради ни еден прифатен центар, кој што прифатен центар ќе има можност за едукација, односно за преквалификација и доквалификација за семејствата на лицава кои што се осудени и вклопување на пазарот на трудот, изјави Ѓурчевски.

Инаку, со своите семејства во Македонија се вратени четири борци на ИСИС. Тие моментално се во притвор. Според член 322-а од Кривичниот законик за повратниците од војската на Исламската држава следува казна затвор од најмалку пет години.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста