Експерти: од Преспанскиот наваму сме на колена, сега сме во ситуација да прифатиме што и да побара Софија

Политиката на попуштање и прифаќање на барањата на Грција преку Преспанскиот Договор не доведува во ситуација да профатиме се што ќе побара овојпат и бугарија. Експертите предупредуваат дека во ваквото сценарио, официјална Софија направи предрасудите и довербата да доминираат во добрососедските односи со Бугарија, па свесно ги става на коцка и  интеграциите на Македонија, вели за Алфа универзитетскиот професор Александар Спасеновски.

Дека добрососедските односи се доведени во прашање јасно укажуваат сите жестоки изјави од бугарските челници, на кои македонската власт само млако возвраќа. Познавачите се децидни дека она што можеше да се направи навреме беше пропуштено од самиот почеток. Две години по ерупцијата на спорот со Бугарија, Софија е начисто во своите ставови , но не и Македонија.

-Не е државнички легитимно да пост-фестум се пишманиме за она што го имаме потпишано а притоа никој не ни држел ниту деца во заложништво ниту пиштол врз чело. Ниедна дебата за Договорот не може да биде издржана се додека не се осврнеме кон контекстот во кој истиот се составувал и потпишувал…Пишманењето е легитимно во домашни политички расправии, но не и во меѓународните односи, пишува Зеколи во последната колумна.

Може ли да се смени текот на интеграцискиот пат на Македонија или остануваме заробени во односите со Бугарија и цврстото вето е прашање на време. По уште еден ладен туш од Брисел и категорично „не“ за почеток на преговорите, Македонија останува заглавена во европската чекалница. Дотогаш премиерот Заев ќе калкулира со датуми на сиоте следни состаноци на Унијата.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста