Заев демантира дека зборувал со Ахмети за химната, Османи смета дека таа не ги вклучува сите етнички заедници

Заев контра изјавата на Ахмети, вели не зборувале за промена на химната, иако вчера како бомба одекна информацијата од лидерот на интегративците дека со неговиот коалиционен партнер на маса ги ставиле државните симболи.

По повеќе од 6 часа чекање откако новинарите побараа став од Владата за изјавата на Ахмети, од Илинденска ја деменатираа оваа инфомација, велат погрешно била толкувана изјавата на првиот човек на ДУИ.

Сепак и покрај демантирањата на Заев и Владата, Османи коментирајќи ја токму скандалозната изјава, рече дека македонската химна  не ги вклучувала сите етникуми.

„Дека се преговара пишуваат медиуми, а не дека Ахмети вели. И јас можам да демантирам дека Ахмети рекол такво нешто, и тоа е несериозно пренесување на изјава која е за пред 20 години, кога се разговарало за знамето, за химната, за грбот. Згора на тоа имаше промена на грбот. Но, нема такви преговори, а очигледно е дека прашањето на химната не е инклузивен елемент во државата, и тоа го чувствувате на спортските натпревари кога се не спојува, освен химната каде еден голем дел од граѓаните не се гледаат внатре, не се споменуваат. А, ние градиме едно мултиетничко општество за кое сите ни завидуваат“, вели Османи.

Дали изјавата на Османи значи дека химната во било кој момент може да се стави на маса, а и да биде предмет за преговори и пазарења меѓу СДСМ и ДУИ пред локалните избори? Иако Заев демантира сепак прашањето останува отворено, оти премиерот тврдеше дека и името на државата нема да смени, но сепак добивме префикс пред Македонија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира за изјавата на Ахмети за химната, вели единствен договор за кој веруваат дека постои меѓу социјал-демократите и интегративиците е за криминал и тендери.

Гледаме дека само во ова поле нема ниту застој, ниту проблеми. Затоа бараме јавноста да не наседнува на спинови и политичките измани на коалицијата Заев-Ахмети. Поважно денес е што Македонија повторно извиси со датум за преговори, истиот оној кој Заев и Ахмети го ветуваа четри години по ред велат ВМРО-ДПМНЕ.

Со слична реакција се јавија и од албанскиот опозициски блок.

-Денеска не добвиме датум за отворање на преговори со Европска Унија. Ова е едиствената и суровата вистина на денешниот ден. Гатачките со наводна промена на химната се лажен патриотизам со кој Ахмети од една страна сака да направи театар дека наводно ќе смени нешто и Заев од друга страна дека брани нешто. Сета ова измама има само една цел, да ја дефокусира јавноста од едиствената вистина на денот, уште еден неуспех во евро интегративниот процес, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

Побараа наместо лаги, Владата СДСМ-ДУИ да даде оставка и отчет за неуспехот во интегративниот процес.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста