Експерти: Mајкрософт тимс не може да биде замена за националната платформа

Он лајн наставата започна, но со каков квалитет во моментов и во иднина ? – останува неизвесно. Платформата за учење на далечина пропадна, а учениците и наставниците останаа на цедило – па принудени се наставата да ја следат преку Mајкрософт тимс. Според експертите за онлајн настава разликата помеѓу домашната платформа и онаа на мајкрософт е огромна, и оттука пожелно е да се врати во “живот” националната платформа.
“Мајкрософт тимс е софтвер за аудио и видео комуникација со учениците.Каде што нуди дополнителни алатки како што се прикажување на бела табла и служи за комуникација со улениците. Додека платформата е место каде што учениците се групирани во класови, таму учениците се поделени и во предмети…и по тие предмети преку поставените материјали што ќе ги имаат од страна на наставниците ученикот ќе учи чита пишува и вежба.” – вели Николче Шулевски експерт за методика во онлајн настава.
Д-р Николче Шулевски вели – учениците вистински наставата можат да ја почувствуваат само преку домашната платформа – која е неуфинкционална.
“Следува полна порција на настава со сите комплетни часови.И повторно ќе се изведува наставата преку мајкрософт тимс. Чекаме на понатамошни инструкции од кога ќе почнеме да работиме на платформата.” – изјави Николче Шулевскиексперт за методика во онлајн настава.
Според познавачите од Понеделник учениците и наставниците ќе се соочат со многу повеќе предизвици бидејќи онлајн наставата ќе треба да ја следат поголем број на корисници во подолг временски период од денот.
Ања Василевска