ДУИ успеа да го наметне темпото на кампањата кај партиите на Албанците со идејата за премиер Албанец

Во политиката никогаш не вели никогаш , ова е пораката која Талат Џафери им ја упати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои ја отфрлија ДУИ во идејата за Албанец премиер. Џафери вели дека идејата за Албанец премиер според нив не е празна флоскула.

Ако побрзаат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се спротистават со анблок  на ваква идеја јас мислам дека минатото искуство го покажало спротивното  така да во политиката никогаш нема никогаш велиТалат Џафери – ДУИ.

Останатите партии од албанскиот политички блок, порачуваат ДУИ да не собира ситни политички поенти. Од Беса, која е во предизборна коалиција со СДСМ, рекоа дека не е спорно во иднина да има премиер Албанец, но тешко дека тоа ќе биде кадар на ДУИ. Од Алијансата на Албанците преку соопштение реагираа дека ДУИ нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните. Шефик Дураку вели дека идејата која ја промовираат интегративците е само блеф.

Тоа е еден обичен политички блеф.ДУИ после 18 години почнува да зборува за соништа. Пред 3-4 дена слушнавме една видео порака на г-динот Али Ахмети којашто зборуваше за едедн сон. Значи цело време центарот на тоа што го кажа беше сон. Сега  логиката кажува они спиеле 18 години, станувале и  сега кажуваат соништа вели Шефик Дураку – Алијанса на албанците.

И партијата на Тачи ја одбива идејата, бидејќи, како што велат од таму, однесувањето на ДУИ е скандалозно и не веруваат дека Албанците ќе дозволат уште една од мноштвото измами.

Најголемите партии од македонскиот политички корпус не сакаат уцени од ДУИ.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека тој е шпицен кандидат и дека тој ќе биде мандатар за состав на новата владата.

Демократската унија за интеграција ја прифатиле таа идеја да понудат кандатар за премиер. ВМРО-ДПМНЕ беше јасен уште пред неколку месеци кој е кандитот за премиер, тоа сум јас нели, СДСМ го номинираше, претпоставувам, г-динот Зоран Заев , така да имаме тројца кандитати иако не сме го слушнале името на третиот кандидат вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев пак кој беше во политички брак со ДУИ во изминатиов период вели дека идејата на Ахмети е популистички чекор кој е опсеан со национализам.

Како основоположник на концептот ’едно општество за сите‘ сметам дека ова е популистички чекор, опсеан со национализам. Ништо повеќе нема во тоа, исклучиво е заради партиско-популистички калкулации. Со ваквиот вид на кампања ДУИ ќе оди во опозиција, тоа е сигурно и ќе губи гласови затоа што ја повредува интелигенцијата на нашиот народ“-Зоран Заев – претседател на СДСМ.

Останува отворено прашање како ќе изигра онаа политичка партија од македонскиот блок која ќе победи на изборите, дали доколку Заев победи како што тврди, ќе си остане на зборот дека нема да го прифати условот на ДУИ, оти често во минатото даваше изјави кои потоа самиот си ги демантираше.

Мери Ѓорѓиева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста