Дожитен затвор за 59-годишниот кочанчанец кој со 40 убоди со нож уби сограѓанка
Казна доживотен затвор за убиецот на 46-годишната кочанчанка Танкица Младеновска која лани во септември свирепо беше убиена пред куќата во која живеела. Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за кривично дело – убиство извршено при родово базирано насилство, информираат денеска од Основното јавно обвинтелство.
Усеин Рашидов се сомничеше дека на 25 септември минатата година во раните утрински часови , пред жената да замине на работа, ја начекал и со кујнски нож, нанесувајќи и над 40 убоди по телото ја лишил од живот. Рашидов по убиството ја почекал полицијата и се предал. Агонијата на жртвата која е мајка на три деца траела седум години. Живеела со постојани закани и била уценувана со наводно компромитирачки фотографии. Иако во април минатата година дури и го пријавила, нејзината пријава не била сфатена како животозагрозувачка. Тогаш од ОЈО брефираа дека била уценувана во врска со кредит и дека немало закани по нејзиниот живот и загрозување на сигурноста.
По убиството здруженијата за женски права реагираа и бараа овој случај да биде окфалификуван како фемицид, што преставува и најтежок вид на родово базирано насилство.
Освен за убиство, 59 годишниот Усеин Рашидов, Основното јавно обвинителсство го товари и за уцена, но тој не го признал ова кривично дело. Постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.
Александра Ристевска