Довербата во судството драматично намалена- Судскиот совет најавува нови реформи

Со нови реформи судството ќе ја враќа довербата кај граѓаните. Судскиот совет преку нови две методолигии: за оценување на работата на судиите и за одредување на сложеноста на предметите ќе надгледува колку и како сработиле над 470 судии во Македонија. Секој судија ќе добива оценки за ефикасноста во тоа што сработил и колку реално ја исполнил нормата, со што за председателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, ќе ја промени лошата перцепција кај граѓаните.

„Судскиот совет пред два дена на седнца ја избра Комисијата за рангирање на кандидати и донесе и правилник по кој ќе се врши оценувањето. Методологијата со индикатори за сложеност на предметите не е се уште имплементирана во АКМИС системот, правиме напори со невладиниот сектор, со компанијата задолжена за АКМИС системот да ја имплементираме. Со оваа методологија ќе се утврдува сложеноста на предметите“ посочи Црвенковска.

Новата стратегија е во период кога довербата на македонското правосудство е падната на само 8%. Таков беше резултатот од последната анкета за довербата на граѓаните во судството на чија адреса само лани стигнале над 700 претставки и барања за утврдување на одговорност меѓу нив дури за 142-ца судии или претседатели на суд.  Во моментов судскиот совет обработувал 11 барања за работата на судии. Двајца биле веќе казнети со парична казна, но одлуката ја чека својата правосилност.

Донесе одлука за времено упатување на десет судии и тоа најдолго за време од една година. Во текот на 2021 година Советот избра 112 судии поротници, истовремено Советот донесе одлуки со кои е утврден престанок на функцијата на 157 судии поротници. Во 2021 год судскиот совет разреши седум судии, од нив пет поради нестручно и несовесно вршење на судската функција и двајца поради сторена потешка дисциплинска повреда, образложи Црвенковска.

Според годишниот извештај, од 34 судови во Македонија, ажурни се само 15. Врховниот суд, 4 апелациони и 14 основни судови се врбојуваат во неаржурните. За минатата година пак, Судскиот совет потрошил 42,5 милиони денари, што е два милиони денари повеќе за споредба со 2020. Најмногу пари или 80 проценти се одвоиле единствено за плати и за надоместоци, за стоки и услуги 14,03 проценти, а во капитални инвестиции само 3,58 отсто.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста