Од денеска исплата на минимална плата од 18.000 денари, ќе има ли раст и на останатите плати?!

Власта продолжува со игнорирањето на барањата на синдикатите, растот на минималецот да се преслика во раст и на останатите плати во јавниот сектор. Од Владата се правдаат дека периодот бил кризен, но проблемот е што на работбниците им е преку глава да слушаат оправдувања, посебно не во услови кога трошоците за живот енормно растат. СОНК не отстапува од генералниот штрајјк кој ќе се случи ако нема договор. Нова рунда преговори се најавува за в понеделник.

Почна исплатата на минималната плата од 18.000 денари за над 80.000 вработени од различни дејности. Минималецот, според последните законски измени е зголемен за 2.800 денари од претходниот, чија сума изнесуваше 15.200 денари. Сепак растиот на минималецот не повлекува и раст на останатите плати во администрацијата што го бараат синдикалните организации. Власта не попушта и покрај заканите за генерален штрајк во образованието. Неизвесноста останува, а СОНК цврсто стои на ставот дека на 11 април градинките и училиштата нема да работат.

  • Остануваме на нашите барања за штрајкот на 11-ти. Ние сме за дијалог. Тоа сме го покажале и докажале досега. Уште пред неколку години баравме со континуираното зголемување на минималната плата, да се усогласат и останатите плати. Четири години молиме да се надмине оваа состојба, рече Неделков во пресрет на новата рунда преговори.

Нова рунда разговори со Владата, додава Неделков, е закажана за понеделник кога се надева дека владините претставници ќе излезат со одредена понуда.

Досега, вели, немаат конкретен одговор од Владата, освен тоа дека има криза и дека во овој момент е тешко да се одговори на барањата на синдикатот.

Сите плати да се зголемат за 2.800 денари и секоја година да растат со минималната, бара и Сојузот на синдикатите на Македонија.

  • До Владата е доставено барањето – платата за мај на сите вработени во државата, како во јавниот, така и во приватниот сектор, да се зголеми за 2.800 денари, сума за која од овој месец е зголемена минималната плата. Исклучок би биле дејностите каде што со Колективен договор е поповолно уредено. Од Владата бараат за овие прашања да се дискутира во текот на наредната недела, вели за Алфа претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Лути од игнорантскиот однос од власта е и Синдикатот на работниците од управата и правосудните органи и здруженија. За следната недела, на 7 и 8 април, најавуваат предупредувачки протест, зашто нема скалесто покачување на платите.

Иако од Владата најавија усвојување на Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор, Синдикатите велат дека не отстапуваат од нивните барања.

Според Синдикатите, со измените на законот за административни работници, кои беа донесени на последната владина седница е исполнето само едно од нивните барања, а тоа е да се овозможи покачување на платите на вработените во јавниот сектор со средно образование, а дел од нив и пред зголемувањето на минималната плата добивале плати под минималната.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста