Додека други ја бранат Македонија од Бугарија, Заев порачува дека продолжувала соработката

За разлика од Македонија, Словачка и Чешка не попуштаат пред Бугарија. Очигледно други земји повеќе ја бранат државава, од самата македонска власт. Ова доаѓа откако токму овие две држави, го блокираа усвојувањето на заклучоците на ЕУ, во кои и официјално требаше дел да станат бугарските уцени и условувања кон Македонија.

На ваквиот потег на владите во Прага и Братислава, реагираше Бугарија. Од тамошното МНР изразуваат жалење, што заклучоците на Советот на ЕУ за процесот на асоцијација и стабилизација, без образложение биле блокирани од две земји членки.

-Бугарија ги одобри заклучоците на Советот за време на состанокот на КОРЕПЕР II на 16 декември, при што германското претседателство постигна консензус. На инсистирање на Бугарија, во заклучоците беше додадена реченица за важноста на договорите на Република Македонија со Бугарија и Грција и дека нивното спроведување ќе стави крај на сите тврдења засновани на погрешно толкување на историјата. За време на состанокот, заклучоците беа одобрени од сите, порачуваат од бугарското МНР.

Додека другите ја бранат Македонија, Заев повторно многу поумерен. По сите отстапки кои веќе ги направи кон Бугарија, Заев денеска реши да се претставува како патриот пред граѓаните. Реши да оди во Пустец, да подели книги по македонски јазик за Македонците од оваа општина во Албанија. Додека за реакцијата на Чешка и Словачка само кратко кажа дека бил задоволен.

-Ние продолжуваме да работиме на отклонување на проблемот со Бугарија, кои што дури и не знаеме што е проблемот. Проблемот настана со долгото и краткото име, тоа е Република Северна Македонија и Северна Македонија. Дали има или нема територијални претензии кон Бугарија секако тоа го потврдивме дека нема и го решивме на начин како што се решава за европски земји, но за жал проблемот се уште не е отклонет, изјави Заев.

Но чуму оваа поддршка од Чешка и Словачка, кога Македонија цело време попушта пред бугарските барања. Па, така Гоце Делчев за Заев, покрај македонски стана и бугарски херој, бугарскиот фашистички окупатор не бил фашист, а со Бугарија сме имале заедничка историја. Сите овие ставови беа кажани од премиерот во едно интервју, зборови кои сигурно ја поставија Македонија во многу понезавидна ситуација во преговорите со источниот сосед.

-Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија и за Одринско и за се и тоа е апсолутна реалност, изјави Заев.

-Тоа не е така, Бугарија не е фашизам, Бугарија е нашиот пријател, изјави Заев.

Како што пишува „Дојче Веле“ последните случувања се сметаат за прилично проблематични. Во текстот се вели, трагично е за Западен Балкан што во политиката на проширување повеќе табори во ЕУ меѓусебно се блокираат, што испраќало „катастрофален сигнал“ кон Балканот и отвора шанса за други актери.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста