До 15 мажи годишно заболуваат од рак на дојка

„Имав страв да зборувам за мојата болест, на почеток бев збунет и исплашен но за ова треба отворено да се зборува“ – вака Благоја Коцевски ја започна својата приказна за неговата борба против ракот на дојка. Многумина веруваат дека ракот на дојка е болест карактеристична за жените, но не е изоставено дека може да се јави и кај мажите. Во Македонија, до 15 мажи годишно заболуваат од оваа болест.

Но за мажите нема организирани скрининг прегледи и тоа е голем проблем вели Коцевски кој пред една деценија го победил ракот. Апелира сите оние кои се соочуваат со болеста  да не се плашат јавно да зборуваат и да бараат совети . Поддршката од семејството но и од лекарите, според него е најважна алка во победата на овој непријател.

Сакам да апелирам до здравствените власти разговарав и со претседателката на „Борка“, има организиран скрининг за проверка на рак на дојка кај жените, треба да се организира и кај мажите – вели Гоцевски.

Според претседателката на здружението Борка најважна е адекватна терапија но и достапност на истата за сите подеднакво, психолошка помош, поддршка и квалитетни здравствени услуги.

„Борка“ работи со институциите и со здравството да се сменат и подобрат некои работи со цел да го олесни патот кој го поминуваат овие пациенти – вели Биба Додева претседател на Здружение „Борка“

Во чест на борбата против ракот, „Борка“ веќе 13 години организира кампања „Напред розово“, а во недела, на 27 септември, по 12ти пат оваа година, ќе се одржи розова прошетка во повеќе градови во земјава за поддршка на болните од рак на дојка.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста