Дигитализација без дигитални уреди?!

Дигитализацијата во образовната пракса речиси невозвозможна-недостиг на таблети но и недостиг на печатени учебници.  Во просек во две паралелки со четврто-одделенци во едно училиште има доделено само 10 комплети учебници и 10 дигитални уреди за следење настава покажува анкетата која ја спроведе граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ врз основа на новата концепција. 

Дури дел од директорите лично ми се јавија телефонски и поразговаравме, кажуваат дека е тешка дискриминацијата кога пред очите на цел клас се доделуваат дигитални уреди само на три-четири деца а другите гледаат. Друг проблем со кој се соочуваат училиштата во руралните средини е тоа што немаат дури ни пристап до интернет-вели Драгана Спасевска.

Дополнителен проблем за децата кои немаат интернет дома е тоа што не можат да ги осознаат содржините и видео материјалите дури и да поседуваат дигитален уред велат од Иницијативата. На децата пак, на кои родителите им ги испечатиле учебниците, од училиштата не им дозволувале да ги носат печатените  материјали на часовите. На родителите не им е јасно зошто, кога веќе министерството не им обезбеди?

Во училиштата каде што нема интернет, имаме информации и дека некои технички услови не се исполнети, паѓаат олуци, пропуштени кровови, а ние парите ги фрламе за дигитализација, која што не е добро смислена, имаме големи пропусти, и не е време баш сега да ја имаме таа дигитализација кога се соочуваме со големи технички проблеми во самите училишта-вели Драгана Спасевска .

Министерката за образование Мила Царовска неодамна изјави дека  родителите се тие кои треба да си побараат таблет од наставниците или од училиштата. Но, и претседателот на СОНК, Јаким Неделков истакнува дека во голем број од училиштата нема електронски уреди за реализација на наставата за четврто одделение.

Родителите во понеделник ќе се сретнат со Народниот правобранител и ќе ги достават сите докази и податоци кои ги добиле од училиштата и ќе бараат министерката Царовска да образложи каде се потрошени парите од Светска Банка а биле наменети за дигитални уреди за учениците.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста