ГОБ 8 септември без лифтови, пациентите искачуваат 9 ката
Нема крај на проблемите во ГОБ “8 Септември”.Лифтовите во болницата не фукционираат повеќе од осум месеци а пацинетите кои одат на дијализа и останатите се приморани пеш да се качуваат и симнуваат од деветиот кат. Доктори и пациенти гневни и бесни за Алфа сведочат за ужасните услови во болницата, каде што имало и случаи пациентите на раце да бидат носени по скалите од нивните најблиски, имало и такви на кои од умор им се слошувало по скалите.
Единствено во болницата работи еден лифт – но под клуч.Во тој се превезувале медицинскиот персонал отпадот и храната за болните. Според нашите информации делови за новите лифтови имало, но мајсторите кога доаѓале, кога не. Првиот човек на ГОБ 8 Септември Христијан Костова демантира дека работи само еден лифт, вели функционирале повеќе…и немало застој во работата.
“Во моментов се поставуваат нови лифтови. Фирмата за монтирање работи со полна пареа, во две смени. Ќе има 5 нови лифта со висок квалитет. Првите лифтови ќе бидат пуштени во употреба во најскоро време (денови се во прашање).” – вели Костов.
Инаку, ова не се едниствените проблеми во болницата.Пред неколку дена хирурзите во болнцата го изразија своето незадоволство во врска со проблемите со функционирањето на хирушките сали. Медицинскиот персонал изминатите месеци алармираше за условите во кои работат при што централната клима не функционираше цело лето на ниту едно одделение. Салите на хирургија се за целосно рушење и реновирање, амбулантите на анестезија и траума кои беа тријажен центар и се целосно распаднати,а болницата е со прозори стари повеќе од триесет години.
Ања Василева