Девет членки на ЕУ поднесоа предлог за нова методологија за проширување

Девет земји-членки на ЕУ, излегоа со предлози за нова методологија за проширување, која се очекува, Европската комисија да ја усвои до крајот на јануари 2020-та година.

Таканаречениот нон пејпер, во кој имала увид радио Слободна Европа, е потпишан од Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска и Словенија, како придонес за идната методологија во преговорите за пристапување на земјите од Западен Балкан.

– „Треба да се одржи можноста, Европската Унија да интегрира нови членки, без да ја ослабне нејзината внатрешна кохерентност. Сепак, внатрешната реформа на ЕУ, не може да биде предуслов за проширување. Нашата врата останува отворена “,  се вели во документот, потпишан од овие држави. Во него се потенцира, дека пристапот за проширување на Унијата, треба да заснова на следниве принципи:

• полноправно членство во ЕУ како крајна цел;
• пристап заснован на заслуги;
• строги, но фер услови ;
• зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи; и
• компатибилност со постојната рамка за преговори

Деветте држави членки, бараат од Европската комисија, во идната методологија да вклучи групирање на поглавја, како и паралелно отворање на поглавјата, а не последователно.  Особено внимание во документот, се  посветува на поглавјата 23 и 24, за владеењето на правото.. Во нон пејперот на деветте земји – членки на Унијата, се препорачува, овој проблем да се надмине преку јасни препораки и временски рокови за исполнување, а акцентот е ставен на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Во нон пејперот се предлага,  преку ефективен финансиски стимул, да се наградува и олеснува напредокот.

Во документот, зад кој застанаа Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска и Словенија, се наведува и дека е потребно поактивно вклучување на ЕУ и нејзините земји-членки во пристапувањето на Западен Балкан, како и поголема кохерентност на земјите од Западен Балкан во интеграцијата во ЕУ, како свој стратешки избор.

Комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархељи ,призна, дека францускиот нон пејпер не е единствениот,  и дека неговиот кабинет добил предлози од други земји-членки.
Вархељи потврди, дека во јануари, Европската комисија ќе излезе со нов предлог за промена на методологијата..
Доколку новата методологија, ја добие неопходната поддршка од сите земји-членки на Унијата, тогаш е веројатно дека Франција ќе дозволи отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија, пишува РСЕ.

Лазар Темелков

 

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста