Депонијата кај Вардариште ќе се чистела кога ќе сме почнеле преговори со ЕУ, „Лајка“ ќе се отворела другата недела

Кога ќе почнеме да преговараме со ЕУ ќе ја исчистиме депонијата кај Вардариште – нова ексклузивна најава од градскиот татко. Според него сега пари немало  за тоа. Со други зборови сите ветувања предизборни што им ги даде на жителите на Маџари биле лажни. Откако уште во април годинава од Град Скопје известија дека сметот го складирале оти немале време да го транспортираат во Дрисла, градоначалникот Шилегов на 15ти истиот месец најави целосно расчистување. Но, наместо тоа камиони на “Комуналец” самите ја полнеа. Потоа, соочен со новинарите Шилегов одеднаш не ја сметаше за депонија туку и даде ново име- претоварна станица. Депонија или станица таа ги гуши скопјани кои дури и ги тужеа надлежните.

„Кога ќе почнеме со преговори со ЕУ, тогаш ќе се отворат фондовите и тогаш поедноставно и ние како Град и Министерството за животна средина полесно ќе можеме да го решиме овој проблем кој според мене е еден од главните“ – изјави Петре Шилегов – градоначалник на Град Скопје.

Но ова не е единствената „ексклузива“ денеска. По низата дадени најави за отворањето на стационарот “Лајка”, ново “дежа ву”. Предизборните ветувања дека само што не проработела “Лајка”, сега продолжуваат. Шилегов повторно гордо најавува старт, овој пат до крајот на неделата. Се чекала контролата на Агенцијата за храна и ветеринарство. Уште една најава за најава или?  

„Агенцијата за храна и ветеринарство има закажано за 25 септември контрола, после тоа, ќе се отвори стационаротдодава Шилегов.

Во меѓувреме скитниците се множат, но и зли луѓе кои ги убиваат брутално. Депонијата „цути“ а луѓето се трујат. За решенија изгледа ќе почекаме, ама и за чистата и зелена престолнина на Шилегов.  

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста