Денеска нови протести за струја, граѓаните не се откажуваат, надлежните не попуштаат

Кој ќе попушти-граѓаните со нивните барања за намалување на струјата или надлежните со повлекување на одлуката за поскапување.И по два месеца протестирање на иницијативата “Доста е”,сеуште нема никакви резултати.Но, велат дека не се откажуваат по никоја цена.И денеска излегуваат на улица,а подготвуваат и порадикални мерки, доколку работите и натаму стојат во место.

Ќе тераме и порадикално, ќе има блокади по патишта, градови, но уште тераме демократски.Треба нешто да се знае, ова е мафија и навистина е тешко да се бориш против нив,но граѓаните ќе се борат.Ние само како група организираме, но ова е воља на сите граѓани, кои излегуваат на улица, изјави Аднан Вока од иницијативата “Доста е”

За поскапувањето на струјата во време на пандемија и економска криза  констатно има критики,од граѓаните, синдикатите, политичките партии. Регулаторна комисија останува на ставот дека одлуката е можно да се повлече, исклучиво ако ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ ги повлечат нивните барања за поскапа струја.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста