Делта сојот ја демне Македонија: Во понеделник ќе се разговара за евентуални мерки

Какви рестрикции ќе воведе Македонија за да се заштити од ширење на опасниот индиски сој – ќе се знае по состанокот на Комисијата за заразни болести кој е закажан за в понеделник. Откако делта сојот на ковид19 се појави во над 100 земји во светот, меѓу кои Србија и Грција здравствени власти сега, очигледно гледаат некаква опасност од ширење на вирусот преку летните одмори, затоа размислуваат на заштита на границите.

Дали ќе воведуваме некаква форма на рестрикција ќе разговараме на состанокот на Комисијата за заразни болести в понеделник. Ќе ги слушнеме размислувањата на епидемиолозите. Ние и сега разговараме телефонски, дел од членовите анализираат, истражуваат. Евентуално ако носиме некаква одлука ќе биде во насока на штитење на границите, значи во однос на тестови. Да се процени ризикот и дали е тоа вистинска мерка со којашто навистина можеме да се заштитиме, рече Филипче.

Дека ќе има нов ковид бран во Европа доколку граѓаните не се дисциплирани предупреди и СЗО . Само во мината недела  бројот на нови случаи е зголемен за 10 проценти а причините според СЗО се – се поинтензивните патувања и  олабавувањето на некои анти-ковид мерки од страна на земјите.

Според шефот на хрватската дипломатијата Радман ефикасното спроведување на вакцинација е единствен излез од ковид пандемијата.

Ние водиме сметка ние сите да бидеме вакцинирани во Хрватска, за да го елиминираме ширењето на заразата. Вакцинацијата е единствен излез од болеста ковид-19, секако со потребата да се одржи рамнотежата меѓу отворањето на границите и здравјето на граѓаните. Во рамки на ЕУ, Хрватска ќе продолжи да ги поддржува иницијативите за доставување вакцини за земјите од соседството“, изјави министерот Радман.

Инаку, Македонија доби нова донација од Хрватска од десет илјади вакцини „Астра Зенека“, а хрватската влада донела одлука во идниот период да ни донира уште 20 илјади дози.Вакцините ќе бидат на „Модерна“, што би било прва пратка од овој производител во земјава, или „Астра Зенека“ која кај нас се аплицира само на лица повозрасни од 60 години. Освен овие, се очекува и пратката од десет илјади вакцини од Русија,а има и најава, дека и Данска ќе ни донира 250 илјади вакцини.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста