30 доктори од Украина и Франција во посета на „Аџибаден Систина“

Над 30 доктори и медицински лица преку Здружението за француско-украинска синергија во областа на здравството денеска беа во посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја одбрале како лидер во регионот во однос на капацитети, стандарди, опрема и услуги кои ги нуди. Од Здружението потенцираат дека ја одбрале „Аџибадем Систина“ бидејќи е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор во Западен Балкан и користи најсовремени методи и техники на лекување.

„Импресионирани сме од капацитетите, можностите, начинот на работа и технологијата што ја поседува болницата, медицински услуги и примената на најсовремените протоколи при лекувањето на пациентите. Сме посетиле многу болници, но со право можеме да нагласиме дека „Аџибадем Систина“ е една од најсовремените приватни болници во регионот и како што можевме да се увериме нуди комплетна медицинска услуга на едно место. Болницата треба да биде пример не само на Балканот, туку и пошироко како треба да изгледа и да функционира една здравствена установа“, вели д-р Јелена Суромашева од Украина.

Заменик медицинскиот директор во „Аџибадем Систина“, д-р Бобан Сарџовски вели дека за менаџментот на болницата и за докторите е огромна чест да ги отворат вратите за своите колеги од Украина и да ги запознаат со капацитетите, услугите и можностите кои ги нуди „Аџибадем Систина“.

„Особено ни е задоволство што сме домаќини на тим доктори кои доаѓаат од Украина. Дојдоа  да се запознаат во детали за нашата болница, за тоа како работиме и со каква опрема располагаме. За нас ова е  потврда дека „Аџибадем Систина“ е докажан здравствен центар во регионот. Сметаме дека имаме што да им покажеме, создадовме здравствен систем  кој може да послужи како пример за многу болници во регионот, вели  д-р Бобан Сарџовски, заменик-медицински директор на „Аџибадем Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствената болница која лекарите од Здружението за француско-украинска синергија во областа на здравството одбраа да ја посетат во земјава и во регионот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста