Бугарската блокада удира врз туризмот-угостителите во страв, но бараат државата да ги постави црвените линии

Не смееме да доволиме да го изгубиме идентитетот и да се доведеме во ситуација како туристички работници да немаме потоа што да им раскажуваме на наште туристи.Острата реторика и затегнатите политички односи помеѓу Македонија и Бугарија,ќе се одразат и врз туризмот велат туристичките водичи кои порачуваат со трезвени глави да се крои политиката.Ценат дека ситуацијата во која се наоѓаме сега, само ќе предзивика револт кај локалното население во двете земји, но и кај туристичката фела. Доколку една земја не може да се пофали со туристи од соседните зејми, не може ни да се зборува за туризам и развој на туризмот во таа земја.

  • За ова се’ се криви политичарите и еден апел со трезвени глави да се размисли, да се повлечат одредени дебели црвени линии со цел да имаме наследство да имаме со што би се пофалиле на странските посетители,бидејќи сево ова оди во насока на губење на нашиот идентитет-Климент Наумов-туристички водич.

  Не сакам да сум песимист или кројач на црни сценарија,но се плашам дека ќе ни се повторат немилите настани кога за време на македонско грчкиот спор беа демолирани грчките автобуси овде, а нашите таму беа омаловажувани,во најмала рака со тоа што се  прелепуваше ознаката МК на авотмобилите со цел да им се покаже дека не се добредојдени ни тиекај нас, ни ние кај нив.Туристите не се воопшто виновни, тоа се обични луѓе кои сакаат да патуваат и осознаваат -вели Наумов

  • Целата оваа медиумска состојба,тензиите што ги слушаме, говорот на омраза сето тоа влијае за туристите да ги одврати бугарските во Македонија и македонските во Бугарија 01.52 +00.50 Лошото кај стекнување на доверба е што се гради во тек на неколку години, а се губи за многу кратко време-проф.д-р.Цветко Андреевски Ф.Т.У.

Со потонувањето на бродот ‘’Илинден” целосно ја изгубувме довербата кај соседите кои потоа 5 години не стапнаа во Македонија,вели професор Андревски.Иако приликите се сега соема поинакви ,очекувам тоа повторно да се случи додава Андреевски,потсетувајќи дека бугарите се најбројни гости на ривиерата, но и обратно. Нестабилната политичка клима, ќе ги одврвати туристите и ќе ги замрзне односите меѓу двата народи,што ќе доведе и до уназадување во туризмот.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста