Бизнисот реагира: Ребалансот директно ќе ги погоди компаниите и граѓаните

Секој дефицит со ребаланс на буџетот е товар на грбот на граѓаните а е, и товар за бизнисот,  реагира фелата.  Со новото прекројување на државната каса ќе се трошат дополнителни 300 милиони евра од првично планираните. Министерот Бесими веќе најави дека продлабочувањето на буџетскиот дефицит ќе се надополни со задолжување дома или во странство за што бизнисот смета дека ќе го почуствуваат сите, не само фирмите.

Најавените инвестиции мора да се случуваат. Меѓутоа тоа мора да биде покажано не декларативно туку низ конкретна акција и затоа ќе треба да создаваме вредност и економска и услужна и низ производи, целокупно целата економија, меѓутоа не секогаш на товар на граѓаните за кој понатаму ќе треба да се задолжуваме или понатаму преку некои скриени даночни или парафискални оптоварувања да можат да ги враќаат тие пари. Бидејќи се она што како инвестиција во моментот е предвидено да ги враќа парите меѓутоа сеуште не ги враќа и не знаеме до кога тоа ќе може така да се оддржи вели Бошков.

Бизнисот вели дека при секој нов ребаланс, ги повторуваат нивните барања.

Постојано во ребалансот, повторуваме транспарентно трошење на јавните средства, се троши со отчетност, транспарентност и ефикасност, односно да не се навраќаме дека е потребно да се плаќаат работници-оние кои работат, а не да имс е даде К-15 на оние кои и можеби не работиле. Многу малку се мери продуктивноста на работниците во јавниот сектор а исто така и во приватниот сектор-вели Миле Бошков.

На ребалансот на буџетот реагираат и угостителите. Со одлуката на Владата финансиски да поддржи само 2.204 компании од угостителската дејност со 5,77 милиони евра, коишто беа затворени од 6 до 27 април, власта извиси повеќе од 4.000 угостителски објекти со над 10.000 вработени, реагира Независната угостителска комора.

Зошто Владата најави и вети 9.9 милиони евра за 6000 угостители и 17.000 вработени, а создаде услови и критериуми од кои ќе исплати на една третина нешто повеќе од половина од ветената помош. Која е целта на Владата да се попишмани за најавите и ветувањата и со ваква одлука да им одземе повеќе од 4 милиони евра ветена помош на угостителите? Во чии џебови и сметки сега таа помош ќе биде пренасочена, стои во соопштението на НУК.

Наспроти владините оптимистички очекувања дека годинава ќе има раст на економијата за 4,1%, Светската банка во најновиот извештај предвидува раст од 3,6 отсто, кој ќе опаѓа во следните две години..

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста