Билетарниците на ЈСП ќе работат до 18 часот

Од утре, билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација ќе работат со скратено работно време, односно до 18 часот – информираат од ЈСП.

ЈП ја донело оваа одлука согласно препораките и мерките за заштита и превенција од коронавирусот, а ќе важи во наредниот период, до идните препораки.

Ги потсетуваат корисниците на јавниот превоз, дека од денеска, петок (13.03.2020 год) времено се укинуваат автобуските линии што сообраќаат до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а со работа ќе прекине и Жичарницата.

Нема да сообраќа и автобуската линија „City tour“, наменета за туристички разглед на градот.

Во сила е одлуката за редуциран јавен превоз, односно возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на оној како за време на зимскиот и летен училиштен распуст.

Не важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети, а укинат е и бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП Скопје продолжува со дополнителна дезинфекција на своите возила, мерки кои се презедоа од пред десетина дена. Секое возило е подложно на дополнителна дезинфекција, внатрешноста се дезинфицира со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото.

ЈСДП апелира до граѓаните, рационално да го користат јавниот превоз, истовремено да се придржуваат на препораките како да се однесуваат во затворен простор (кивање, кашлање во подлактица или шамивче и слично).

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста