Без инциденти осмиот протест во Белград

Без инциденти осмиот протест во Белград

Во Белград се одржа и осмиот протест на коалицијата „Србија против насилство“ против изборните нерегуларности. Протестот започна пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), а по обраќањето на претставникот на опозицијата, граѓаните пеш се упатија кон Полициското одделение за град Белград.

За разлика од неделата, вчерашниот протест заврши мирно без инциденти, со апел денеска српските граѓани да се соберат пред РИК повторно во 18 часот.

Претходно, во текот на вчерашниот ден протестираа и студенти барајќи отворање на избирачкиот список. Со шестчасовно блокирање на неколку улици во центарот на Белград, студентите ја поддржаа коалицијата „Србија против насилството“, која повика на тие протести да се исполни нивното барање за поништување на изборите, поради бројни нерегуларности.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста