Бензин и дизел засега има, но по рекордни цени

Утринава бензиските пумпи празни во однос на сионоќешната слика од  колони автомобили. Граѓаните синоќа се упатија  да ги наполнат резервоарите, пред новото поскапување.

Граѓаните велат дека државата мора нешто итно да преземе за колку – толку да се ублажи поскапувањето.

Иако вчера дел од пумпите не точеа гориво, денеска бензин и дизел има, но по поскапа цена. Од полноќ цената на бензините  се зголеми за 5,5 денари за литар,  а на дизелот за 10 денари.

Ваквата одлука е донесена поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи, а од РКЕ најавија дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба.

Поскапувањето на горивата ќе влијае и врз такси превозниците во градов. Сериозно размислуваат за покачување на цените на превозот.

Највисоката цена на нафтата во последните 20 години е регистрирана во 2008 година кога барел нафта чинеше речиси 140 долари, 10 долари пониско од вчерашнта цена на светските берзи. Сепак,  тогаш литар БС 98 чинел 75,5 денари за литар, а сега чини 91.5 денари  ЕУРОСУПЕР –95 се продавал за  73,5 денари по литар а сегашната цена изнесува 89.5 денари  додека  дизелот  тогаш чинел 74,5 денари, сега достигна рекордна цена од 85. 5 денари за литар.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста