Нов датум за автопатот Кичево – Охрид, се поверојатно е дека ќе надмине 600 милиони евра
Ќе ја надмине ли изградбата на најскапиот автопат во Европа, автопатот Охрид-Кичево сумата од фантастични 600 милиони евра? Министерот за транспорт и врски Бочварски, кој лани во месец мај негираше дека автопатот поскапел и дека се потребни дополнителни сретства од предвидените 598 милиони евра,сега не ја исклучува можноста безмалку децениската изградба на автопатот да чини уште повеќе.
Не би сакал да прејудицирам сега во овој момент заради тоа што гледате какви се трендовите во светот и со покачувањата на цените,имаме активни договори со изведувачите , тие договори треба секој да ги почитува рече Благој Бочварски –мин.за транспорт и врски.
Иако и по цели 8 години, и три продолжувања за изградбата на автопатот на кој не му се гледа крајот, ресорниот министер уверува дека истиот ќе бил готов за една година и оти ќе бил пуштен во употреба до крајот на 2023-та година. На 57-те километри од делницата Охрид-Кичево која требаше да биде готова во 2018-та, ќе се градело интезивно, ама кога ќе се поправело времето.
Некаде над 65 % е прегресот на автопатот Кичево- Охрид, сега временските услови се такви да не може да се развие голема градежна офанзива во овој дел, но важно е дека нацоналните процедури, државните процедури кои што требаше да ги завршиме еве ги привршуваме изјави Благој Бочварски –мин.за транспорт и врски.
За неподносливо долгата изградба на автопатот, некој мора да понесе одговорност. Секое излегување на овој автопат, без оглед за какво превозно сретство станува збор, е небезбедно и ризично, бидејќи самите услови на патот се ризични- потеницираат екпертите. Колку и да се превземаат мерки за обележување на хоризонтална и вертикална сигнализација,патот Охрид –Кичево и тоа од самиот излез на туристичкиот центар е потпопно несигурен и исклучително опасен,поради тоа постојано се случуваат и сообраќајки.
Механизација има, на ред биле инженерите и градежните компании за овој автопат да биде изграден,посочи Бочварски кој додаде дека од 70-те нови инфарструктурни проекти, 40 се однесувале на приватни земјишта за кои како што уверува,завршил процесот на експропријација.
Росица Голабоска