Димитров за Алфа: Дражавата мора да им помогне на граѓаните со реални, а не со козметички мерки

Мерки за помош на граѓаните и стопанството се и повеќе од потребни, но тие да бидат реални, а не козмтички, вели за Алфа професорот Константин Димитров. Според него, државата мора да направи сериозен чекор по примерот на другите земји кои народот го спасуваат со финансиска инекција.

  • Секоја помош е добредојдена, но секоја помош е мала. Сетоа тоа ние ќе си го платиме тоа, може не наеднаш, туку на рати, за да не се осети толку многу тој ценовен шок. Непродуктивни трошоци има невидено многу, може да се откажат од некои од нив, за да им се помогне на оние на кои навистина им треба помош, Владата само троши пари, таа не прави, туку само ги троши, а ние како попчиња сетоа тоа ќе си го платиме, вели меѓу другото во интервју за Алфа, универзитетскиот професор и енергетски експерт Кондантин Димитров.

Димитров вели дека владата доцни буквално со се, и токму затоа сиот товар паѓал, и ќе падне врз грбот на граѓаните, кои и онака се исцедени со бранот поскапувања.

Со Константин Димитров разговараше Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста