Белата куќа бара американскиот сенат брзо да го разгледаат предлог-законот поради загриженоста за националната безбедност во врска со апликацијата Тик ток

Белата куќа бара американскиот сенат брзо да го разгледаат предлог-законот поради загриженоста за националната безбедност во врска со апликацијата Тик ток

Креаторите на Тик ток изразија загриженост во Конгресот откако Домот на САД усвои нацрт-закон со кој се повикува кинеската компанија на апликацијата за социјалните медиуми, Бајт Денц, да се откаже од Тик ток со цел апликацијата да продолжи да работи во САД. Белата куќа ги поддржува напорите.

„Дали сакаме приватните податоци на Американците да бидат овде или во Кина? Дали сакаме компаниите да бидат во сопственост овде во САД или во Кина? Тоа беше она што тој го рече. Сакам да бидам јасна, овој предлог-закон нема да ги забрани апликациите како Тик ток“, вели Карин Жан-Пјер, секретарка за печат на Белата куќа.

Тик ток тврди дека законот ја ограничува слободата на изразување и дека апликацијата не претставува безбедносен ризик.

„Во текот на последните неколку години, инвестиравме за да ги зачуваме вашите податоци безбедни и нашата платформа ослободена од манипулации однадвор, вели Шоу Зи Чу, извршен директор на Тик ток.

Кина во четвртокот предупреди дека со законот странските компании ќе се доведат во конкурентна неповолна положба во САД.

„Постапувањето од страна на САД со проблемот на Тик ток ќе му овозможи на светот појасно да види дали таканаречените правила и наредби на САД се корисни за светот или само им служат себеси“, вели Ванг Венбин, од кинеското Министерство за надворешни работи.

Заканата од забрана на Тик ток за првпат ги става во фокус на Американците односите меѓу САД и Кина.

„Ова е многу, многу необичен потег. Видовме претходни акции преземени против кинески компании како Хуавеи или ЗТЕ, но тие не беа компании кои се соочуваат со потрошувачи. Со ова, тензиите меѓу САД и Кина се ставаат во центарот на многу американски животи“, вели Кејтлин Чин-Ротман, Центар за стратешки и меѓународни студии.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер вели дека Сенатот ќе го разгледа предлог-законот во комисија. Законодавците веќе ги поддржуваат ваквите напори.

„Не сакам кинеската комунистичка партија да добива лични податоци за нашите граѓани, ниту да има алгоритми кои би ја пропагирале американската јавност, вели сенаторот Мит Ромни, републиканец.

Другите сенатори би сакале да видат пошироко насочен нацрт-закон.

„Да бев на чело, немаше да му дадам приоритет на предлог-законот за забрана на Тик ток. Јас би дал приоритет на законодавството за заштита на децата на интернет, не само на Тик ток туку и на многу други социјални мрежи што ги користат“, рече сенаторот Крис Марфи, демократ.

Стив Мнучин секретарот за финансии на поранешниот претседател Доналд Трамп, изјави во четвртокот дека подготвува група инвеститори за купување на Тик ток.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста