Арсовска: Напаѓаат луѓето кои за 4 години не реализираа ни 5% од тоа што ветија

Арсовска: Напаѓаат луѓето кои за 4 години не реализираа ни 5% од тоа што ветија

Со системски мерки ќе го решаваме сообраќајниот хаос во град Скопје, најави градоначалничката Данела Арсовска на денешниот отчет за сработеното изминатите 82 дена откако е на чело на градот.  Таа истакна дека од декември на граѓаните им е овозможена 24/7 отворена линија, преку која администрацијата на Град Скопје е во постојан контакт со граѓаните и тие може да ги пријавуваат проблемите на дневно ниво, и соодветно да бидат решени од службите на брз, ефикасен и транспарентен начин.

Ги пренаменивме средствата кои претходното градско раководство и советниците- ги трошеле по кафани. Средствата од договорот склучен со три угостителски објекти, од страна на претходното раководство во вредност од 32.000 евра, сега се пренаменети за бесплатни оброци за грашани од социјално загрозените категории, преку иницијативата Ретвитни оброк, Здружението Љубезност и Црвениот крст на Град Скопје“, изјави Данела Арсовска, градоначалник на град Скопје.

Арсовска најави дека во наредниот период од Градот Скопје ќе имаат тематски прес-конференции на кои ќе се презентираат проектите еден по еден. Таа кажа дека е формиран Зелен совет кој го сочинуваат експерти, професори и архитекти, седниците на Советот на Град Скопје се пренесуваат во живо, а за првпат се врши ветинг на директорите.

Ветивме и чистење на дивите депонии во градот, за прв пат по децении во градот се спроведе акција за чистење депонии- каде што се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор за загадување на воздухот, почвата и подземните води. Тоа директно влијае на квалитетот на воздухот и на квалитетот на животот на граѓаните“, изјави Данела Арсовска, градоначалник на град Скопје.

Првите 82 дена се нивелирани 62 шахти, соопшти Арсовска а се осврна и на  поставувањето на бројчаници на семафорите и пристапност на лицата со попреченост до сите градски институции.На територија на Градот Скопје, секаде каде што биле и каде што има пријави од страна на граѓаните, рече Арсовска, градските власти ги мапирале дивите депонии и истите се сите исчистени.

Новинар Јане Трпковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста