Македонија две години без амбасадор во Софија- се гради ли доверба со празни амбасади?

Немањето на македонски амбасадор во Бугарија кој ќе биде врската меѓу двете земји е сериозен проблем во билатералните односи, оценува поранешната бугарска амбасадорка во САД Елена Поптодорова. Во изјава за Алфа вели дека Македонија треба што поскоро да испрати свој човек во Бугарија бидејќи тоа ќе го зголеми и нивото на взаемна комуникација меѓу државите.

Да се вратат амбасадорите во главните градови, тоа ќе биде ….Нема да се решаваат никакви прашања од деликатна природа., туку ќе се врати нормалната дипломатска практика. Ние сме сојузници во НАТО, не е нормално Бугарија и Македонија да немаат нормално вообичаено дипломатско застапување меѓу себе. И тоа се одразува, јас сум среќна  што Бугарија воспоставила нормално дипломатска застапеност. Искрено се надевам дека и вие ќе го вратите својот амбасадор за да има нормално балансирано дипломатско претставништво. Многу подобра работа ќе се заврши ако Македонија има свој амбасадор тука, вели Поптодорова. 

Инаку две години зјае празно амбасадорското место во Софија. Толку време владината коалиција СДСМ – ДУИ не може да се договори кој ќе ја  претставува Македонија во амбасадата во Софија. Интензивирањето на средбите ги зголеми и ветувањата за она што не е сработено, па во пресрет на меѓувладината седница во Бугарија првиот дипломат Бујар Османи за тамошните медиуми на 20-ти месецов се пофали дека во следните неколку дена ќе биде соопштено името на новиот македонски амбасадор во Софија, ама на тоа и остана.

Инаку последен амбасадор на Македонија во Бугарија беше Марјан Ѓорчев чиј мандат заврши во март 2020-та. Иако за време на неговиот мандат како амбасадор во Бугарија беше потпишан и Договорот за добрососедство, Ѓорчев не беше дел од ниту една координација на македонската влада предводена од поранешниот премиер Зоран Заев.

Ивана Најдова

Advertisements