Арифи промовираше пат кој се користи со месеци-тие граделе, па нивна била и одлуката кога да промовираат

Продолжениот булевар во близина на спортскиот центар во Тетово, локалните власти денеска решија да го промовираат,иако делницата се користи веќе со месеци.Градоначалничката Теута Арифи вели-тие го граделе патот,тие и решавале кога свечено ќе го пуштат во употреба.Чекале да завршат со сите детали,па да се пофалат.

Не го направи некој друг, го направивме ние, нас ни беше важно да се користи.Алфалтот најпрво се заврши, но имаше дополнителни работи-тротоари, зеленило, не сакавме да направиме промоција без да биде завршен и последниот детал-рече Теута Арифи- Градоначалник на Тетово.

Пробивањето на еден од поглавните булевари во Тетово,кое започна пред повеќе од една година,се направи со цел растеретување на сообраќајот и пренасочување на товарните возила кои сообраќаат кон Косово.Односно,ова е една половична обиколница, која скапо чини, а не го решава проблемот, коментираа експертите уште на почетокот на изградбата.Булеварот го узурпира единствениот зелен појас кој остана во градот,а нема да биде некое сообраќајно решение.

Ова решение нема да биде решение за сообраќајниот метеж.Од едноствана причина што гужвата ќе се помести 500 метри, и нема ништо повеќе од тоа да се реши.Преголем трошок на општината, задолжување од преку 1 милион евра за многу минимизирани ефекти кои ќе ги има-рече Валентин Тасевски- Градежен инжењер (22.02.2020).

Спасот од товарните возила се гледа единствено во обиколница која би се направила надвор од градот,поточно во близина на селото Требош.Но, ова е инвестиција која се најавува пред секои избори.И денеска, Арифи само најави дека ќе биде,но, кога конечно, нема одговор.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста