Апелација ја преиначи условната во казна затвор за предизвикувачот на сообраќајката кај Млечен

Наместо условна,возачот кој ја предизвика сообраќајката со смртни последици кај Млечен, ќе оди во затвор.Апелација ја преиначи пресудата во казна затвор од две години, и исто толку време забрана за управување автомобил.За случајот,кој фрли сенка врз сусдтвото имаше бурни рекации во јавноста и протести.Оштетената Наташа Димитриевска која го загуби сопругот, плодот, но, и уште се бори со тешки повреди,задоволна е што има напредок,но ,доби вели,една битка.Оти, за низата пропусти во постапката, ќе бара одговорност.

Не се само судиите и јавните обвинители,Имаат одговорност и самите полициски службеници и вешти лица.Не може моите тешки телесни повреди, разликата во нозете во висина од 1,5 см  после сообраќајката да го рачунаат нешто како секојдневие, затоа што така е заведено во предметот – изјави Наташа Димитриевска.

Наташа , која и сама е адвокат,вели дека има многу вакви случаи, но, граѓаните или не знаат или не се охрабруваат да ја бараат правдата.И за нејзиниот случај, сигурна е дека без нејзиното ангажирање и поддршката од јавноста, виновникот би останал со условна казна.

Јавноста постојано ми пишува ми бара совети и начин, како да се сносат и да ја бараат одговостноста за ваквите застарени вакви предмети кои се од обичниот граѓанин, наспроти високите функционери,како што е кај мене,некој си директор на одредена фирма што одлучил да ми го уништи животот и тоа да се заврши со условна каза, како што беше првично – изјави Димитриевска.

Инаку,кобната сообраќајка се случи на 12 окотмври 2018 година, на булеварот Теодосиј Гологанов во Скопје.Наташа со сопругот се возеле на мотор, кога одеднаш џип преминал преку две полни линии вртејќи во забранет правец пресечувајќи им го патот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста