Антикорупциска – последна надеж на вработените во струмичкиот театар

Иницијативата  „Култура или  фис-култура„ бара антикорупционерите под итно да ја разгледат нивната преставка поради одлуката за генерален директор на НУЦК „Антон Панов„ Струмица да се назначи професор по физичка култура. Реагираат бидејќи преставката е поднесена кон средината на минатиот месец  и се уште немат никаков одговор.

Ја замолуваме комисијата да биде малку поекспедитивна во решавањето на нашата претавка , бидејќи нашата работа директно зависи од нивното решение„- изјави Ванчо Василев, актер во Струмички театар.

Од Државната комисија за  спречување на корупција, објаснуваат дека штом немат добиено повратен одговор, значи постапката се уште е тек.

Откако Министерката за култура не го поништи огласот  со образложение дека не постои правен основ за поништување на истиот, актерите излегоа на протести. Пред два дена протестирајки пред Владата и Министерството,побараа културата да излезе од канџите на политиката

  „Бараме разрешување или оставка на новоименуваниот директор на НУЦК„Антон Панов„ .Поставување на в.д. директор од редот на носителите на дејност и распишување на нов конкурс за избор на директор најдоцна во рок од 6месеци согласно Законот за култура„- изјави  Игор Тодоров, актер во Струмички театар.

На конкурсот за директор на „Антон Панов„ се јавија тројца кандидати, од кои само еден ги исполни, формално-правните услови од јавниот оглас. Иницијативата јаво ги презентираше документите од апликацијата на директорот БУбев кој како доказ дека е истакнат културен и општествен работник доставил благодарница од „Празијада„ и договор за волонтерска работа во балетско студио во Радовиш. 

Александра Ритевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста