Антикорупциска: Институциите молчат на нашите барања за случајот „Леонардо“

Досега институциите не одговориле на итните барања од антикорупциска комисија за скандалозниот случај „Леонардо“ поврзан со поранешниот генерален секретар на Владата, за набавка на радарски системи за МНАВ.

До сега немаме одговори. Ние ги испративме нашите барања на крајот на минатата и почетокот на оваа недела, имаат законски рок од 15 дена, претпоставувам дека ќе почитуваат тој рок, дека нема да го надминат. Меѓутоа, некакви брзи одговори не сме добиле вели Билјана Ивановска за Радио Слободна Европа.

 Договорот за набавката со италијанската фирма останал ист и пред во него да се вклучи Рашковски, но сомнително е доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати вели претседателката Билјана Ивановска.

Договорот останал ист, дали имало желба да се промени нешто не знам, на писмено врз основа на документи тоа не сме го виделе, освен што времето за повлекување на траншите е надминато а за надминување на времето, за ненавремено плаќање на траншите се плаќаат високи камати од страна на државата вели Билјана Ивановска за Радио Слободна Европа.

Скандалот изби откако беше објавена снимка на која се слуша како генералниот секретар Рашковски договара детали за проектот вреден над 7 милиони евра и изборот на италијанската фирма „Леонардо”.

Случајот антикорупциска го отвори во август. Ама во декември обвинителството на чело со Рускоска одлучи дека нема основа за гонење на екс- генералниот секретар.  

Пред неколку дена обвинителство отвори предистрага  и за случајот со набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци, уште еден скандал со Рашковски.  Дилемата во јавноста е дали и тој ќе биде затворен како „Леонардо“, односно дали екс-генералниот секретар ќе куртули. И додека Рашковски е во центарот на вниманието кај јавноста,  тој со семејството одмара во Мексико до крајот на месецов.

Викторија Миткова  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста