Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски убедливо пред СДСМ и Ковачевски, граѓаните сакаат споени избори

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски убедливо пред СДСМ и Ковачевски, граѓаните сакаат споени избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од двојно повеќе граѓани во спроредба со владејачката СДСМ. Доколку следната недела се оддржат парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20, 3 проценти од испитаниците, а за СДСМ 11,3 отсто, покажува најновата телефонска анкета на Интитутот за политички истражувања Скопје. За разлика од македонскиот,  во албанскиот опозициски блок, се навестува тесна трка. Алтернатива, БЕСА и Демократско движење на Меџити, заедно уживаат доверба од 5,1 проценти од испитаниците, што е речиси еднаков рејтинг со владејачката ДУИ. Интегративците предводени од Али Ахмети имаат 5,6 проценти доверба од граѓаните.Распоредот на резултатите од анкетата на ИПИС изгледа вака:

ТЕЛОП

ВМРО-ДПМНЕ 20,3 %

СДСМ 11,3%

ДУИ 5,6 %

ЛЕВИЦА 3,5 %

ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ на Максим Димитриевски 2,9 %

БЕСА 2,3 %

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ 2 %

АЛТЕРНАТИВА 1,8 %

ДЕМОКРАТСКО ДВИЖЕЊЕ на Изет Меџити 1%

23,3% отсто од испитаниците во анкетата на ИПИС ОДГОВОРИЛЕ ДЕКА НЕМА ДА ГЛАСААТ ЗА НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА, 12,5 ПРОЦЕНТИ НЕ САКАЛЕ ДА ОДГОВОРАТ НА ПРАШАЊЕТО, А СЕ УШТЕ НЕ СЕ ОПРЕДЕЛИЛЕ 12,4 ПРОЦЕНТИ ОД ИСПИТАНИЦИТЕ..

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ужива речиси тројно поголема доверба кај граѓаните пред актуелниот премиер Димитар Ковачевски Во Мицкоски веруваат 16,5 отсто од анкетираните, а 5,6% во Ковачевски. Од премиерот поголема доверба ужива И КОАЛИЦИСКИОТ ПАРТНЕР Али Ахмети односно 6,5%. Претседателот на државата Стево Пендаровски, со појавува на анкетата на ИПИС, со скромни 2,3%. На листата го нема министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за кој се почесто се зборува дека би можел да биде изборот на СДСМ за нов претседател на Македонија.

Според анкетата, точно две третини од граѓаните сакаат претседателските и парламентарните избори да се оддржат истовремено во мај следната година. 66, 6 проценти од анкетираните рекле дека двата изборни циклуси треба да бидат на ист датум, а 13, 7 да бидат одвоени. Не знаат или не дале одговор 19,7 од испитаниците.

Телефонското истражување на јавното мислење ИПИС го спровеле од 25 до 27 октомври на 1.055 полнолетни испитаници во Македонија.  Истражувањето, е подложно на статистичка грешка од +/- 3%..

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста