Ангеловска: Работниците кои останаа без работа поради корона кризата да аплицираат за помош до 26-ти јуни

Сите што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ, лична изјава или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок.

Рокот за пријавување во Агенцијата за вработување трае до 26 јуни.

Министерката Нина Ангеловска ги повика граѓаните кои останале без работа како резултат на корона кризата да го запазат рокот и да се пријават во Агенцијата за вработување.

Ангеловска наведува дека за оваа мерка во Центрите за вработување досега аплицирале 3 илјади лица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста