Анализа на Героски: Обвинението за Вељановски на стаклени нозе

Обвинението за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски за организаторите на крвавиот четврток е на стаклени нозе и мора да падне тврди во својата анализа новинарот Бранко Героски, повикувајќи се на доказите кои му ги доставил лично Вељановски на средбата која ја имале пред 10- дена. Обвинителството го спомнува Вељановски во три наврати, но никаде не било прецизирано која е всушност неговата вината. Прво, во обвинението се проблематизира координацијата на Вељановски со пратениците од неговата матична партија.  

-Зошто, на пример, би било кривично дело, или дури и политички деликт, ако Вељаноски, избран за претседател на Собранието од редот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, се координирал со нив и со својот партиски шеф? Кој претседател на парламентот не го прави тоа? А токму тоа го пишува во обвинението. Неверојатно! – се наведува во анализата. (извор Плусинфо)

Обвинителството ги поврзува со кривична одговорност и пораките на екс спикерот со поранешниот премиер Никола Груевски, за што Героски наведува  дека содржината на пораките била кажана и на собраниска седница, а во нив никаде не се спомнувале ниту протести ниту насилство.

-Со други зборови, спикерот го информирал својот партиски шеф за позната работа. И возвратната порака на Груевски до него е со содржина која добро им беше позната и на пратениците и на новинарите. Накусо, двајцата ја откриле Америка!, се вели во анализата (извор Плусинфо)

Трет пат Вељаноски во обвинеието се доведува во релација со пратеникот Зекирија Ибрахими кого не го спречил од говорницата да ја испее албанската химна што било причина толпата народ да се упати кон Собранието.

-Насилствата во зградата на Собранието се случуваат потоа и како што веќе беспоговорно утврдивме, Обвинителството не нуди никакви докази дека спикерот има било каква врска со нивната организација или извршување, се вели во анализата. (извор Плусинфо)

Поранешниот претседател на собранието Трајко Вељаноски е дел од групата екс функционери од ВМРО, обвиенти за  терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, во врска со настаните од 27 април. За неговото инкриминирање во случајот Героски трвди дека е целосно неодржливо и дека голем грев е невин да се прогласи за виновен.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста