Кристијано Роналдо прв фудбалер од Европа со 100 репрезентативни погодоци


Кристијано Роналдо e само вториот играч во историјата кој постигнал 100 гола во репрезентативниот дрес.Португалецот маестрално од слободен удар дојде до јубилејниот гол во победата над Шведска со 2-0 во Лигата на нации. Оваа мајсторија му го донесе приматот прв фудбалер од Европа со 100 погодоци, а воедно и втор на сите времиња зад Иранецот Али Деи, кој стрелаше прецизно 109 пати. На Роналдо му беа потребни точно 165 настапи, по првиот гол во 2004-та на ЕП против Грција.