Алијанса за Албанците им обезбеди мнозинство на СДСМ и ДУИ за да го истуркаат Законот за попис

Со 62 гласа за,но без консензус законот за попис помина во собранието. Потребното мнозинство на СДСМ и ДУИ овој пат им го обезбедија Алијанса за Албанците и Алтернатива, иако како што рекоа нивните забелешки не биле прифатени.

“Прво беше нашето барање да не стои воопшто етничката графа во законот за попис. И второ во уставот да се отстрани графата 20 проценти и да стои албански јаик.Многу е просто”, рече Скендер Реџепи од Алијанса за Албанците.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не гласаа за предлог-законот.Обвинуваат за политички дил на партиите од власта за штелување на резултатите. Реагираат на лицитирањето со проценти во јавноста и сметаат дека пописот од статитсичка се претвора во политичка операција. И за тоа дека ниту еден амандман не им беше прифатен. Опозицијата ќе собира 10 000 потписи за поништување на законот за попис.

“За жал со таа недоверба со врзан потпис ја манифестирате недовербата во владата која ја имате. И поради тоа Директорот и заменикот директор да имаат врзан потпис. Дали процентите кои ги споменувате во јавност треба да биде потврда дека тоа што ќе се потпише на крај треба да биде план на договор и заедничко политичко решавање на пописот”, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ пак со став дека институциите се подготвени и дека пописот ќе се спроведе според европските стандарди.

“Државниот завод за статистика кој сега треба да воведе и методологија и тоа е во самиот закон ќе ја спроведе на најдобар можен начин таа постапка. Ние тврдуиме дека според она што е дадено во законските рамки таа ќе биде идклучиво статистичка операција”, рече Жаклина Лазаревска од СДСМ.

Пописот треба да се реализира од 1 до 21 април.Ќе се попишуваат резиденти, но и граѓани кои не живеат во државата повеќе од една година, како и вкупното население. Оние кои нема да бидат затекнати на местото на попишување ќе можат да бидат попишани од нивни блиски или соседи со давање матичен број. Државјаните надвор од државата ќе се попишуваат со електронска пописница.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста