Украдениот починат во Струмица, вчера е погребан, полицијата уште истражува

Маргинализирани, без пари и соодветна здравствена заштита, ова  би можело да биде евентуална причина за двата немили настани кои вчера се случија во општата болница во Струмица, реагира невладиниот сектор. Ромската заедница е една од најпогодените во време на пандемијата.Од делчевската организација  Кхам прашуваат како лице од најранлива категорија би можело да си дозволи тестирање од Ковид во друг град, како што е примерот со делчево, каде што заболените за земање брисеви би требало да патуваат до Кочани или Штип

   -„Како може во ваков случај да зборуваме за остварување на право на здравје на една категорија на граѓани којашто и те како тешко го поминува овој екомонски предизвик на пандемија од Ковид-19„  -изјави Зоран Биковски НВО Кхам-Делчево

  Итна поддршка од владини организации, да им помогнат бидејќи социјално загрозените немат можност да наплаќаат од 800-900евра за испис на починат од Ковид-19, вчера преку социјалните мрежи побараа и група граѓани од Турското маало во Струмица, укажувајки дека веќе има петмина починати.

Полицијата се уште го истражува случајот. Откриен е идентитетот нс три лица. Откако ќе се утврдат и останатите , ќе биде поднесена кривична пријава.  Од обвинителството информираат дека сега починатиот се води како суспектен, така што земањето на брис во постапката нема влијание. Телото на починатиот е погребано во текот на вчерашниот ден. Лекарите не успеале да земат брис, бидејки се се одвивало многу брзо.

   „Вчера починатиот кој го украдоа од болницата после три часа е пгребан, без да се почитуваат други протоколи-изјави Гогов дир. на Општа болница-Струмица.

Од СВР-Струмица информираат дека во текот на вчерашниот ден лекар од Инфективното одделение пријавил дека група на луѓе однесувајки се агресивно , влегле во објектот на инфективното одделение заедно со креветот го зеле починатот лице, го изнеле надвор, а откако го ставиле во патничкото возило, заминале во непознат правец. Во меѓувреме во болницата во Струмица се врши вонредн инспекциски надзор за смртта на 9месечото бебе , кое вчера почина за помалку од два часа откако било донесено во болница.

Aлександра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста