Албанија почнува со вакцинација против Ковид-19

Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против коронавирусот, истакна премиерот Еди Рама.

– Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19, напиша Рама на својот фејсбук-профил.

Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати.

Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и БиоНТек.

Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10.750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30.250 дози во февруари.

Поврзани вести