Алармот за малиот Борче им донесе аплаузи на надлежните, но дали некој ќе одговара?

Кога ќе затаи државата и институциите,се буди хуманоста и племенитоста кај обичниот човек кој дели од своја уста за да му помогне на другиот, за да му го овозможи подостоинствени услови за живот,обезбедувајќи му го најосновното. Таков е случаот со охридското семејство Ангелоски,двајцата родители кои што се телесни инвалиди едвај врзуваат крај со крај за да го истуркаат месецот задоволувајќи ги потребите на трите деца. Тие пред 3 години побарале и социјална помош но биле одбиени со изговор дека имаат автомобил и стан кој го добиле од родителите, откако претходно се влечеле под кирија барајќи покрив над глава. Во таа секофневна битка за да се преживее, со скромните примања на Перо, болеста на малиот Борче кој откако се родил поради срцевиот проблем, постојано бил во болница, од еден кај друг лекар.Годините поминувале, а болеста напредувала.Надежта дека и за нив ќе осамне утре дочекано со радост, се пробуди по сторијата на нашата телевизија.

-Човечно е да се помага, секој според своите моѓности посебно на ова семејство кое поминува низ тешки животни искушенија, вели Летка Филипова

За да си го олесни школувањето, Борче доби и комјутер,сега наставата ќе ме да ја следи онлајн.Добро е што постојат добри луѓе, хумани луѓе кои што сакаат да помогнат за да може семеството да се сконцентрира на здравјето на детенцето-вели охриѓанцот Димче Каневче, но каде се иституците, што правата надлежните во оваа држава?

-Задоволен сум што најчесто кога ќе излезе нешто вакво на медиумите луѓето се организираат сакаат да помогнат, но она кое што јас сметам е дека државата треба малку посистемски да ги решава а не да чека некој случај да излезе на телевизија па потоа да се крене поголема фама и да се јават надлжните и да помогнат во ваквите случаи, изјави Димче Каневче

Многу наши сограѓани од земјава и од страство и финасиски помогнаа за лекувањето на Борче, за чие лекување покажаа интерес врвни спсцијалисти,кои ќе го лекуваат бесплатно.

-Јас да ви кажам очекував но во ваков број не, пошто имаше многу јавување ,сограѓани кои дојдоа дома да прашаат дали треба нешто да се помогнит.Верувам дека во иднина ќе има среќни денови за нашево семејство, дополнува Перо Ангелоски

Синоокото момче, го чекаат низа испитувања и прегледи,но тој се радува.Еве што тој им порача на сите добронамерни луѓе кои гои чувстува како дел од своето семејство:

– Фала Ви премногу за донациите што сте ги пратиле, Ви благодарам.Борче која е твоја најголема желба ? Мојата најголема желба е да си играм со врсниците, истакнува Борче Ангелоски

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста